Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија продолжува да користи забрането оружје против цивилното население

Русија продолжува да користи забрането оружје против цивилното население

Во градот Ирпин, руската армија употреби ударни елементи од руските проектили за хаубици „ZSH2“ забранети со Женевската конвенција. Тоа го потврдува и откритието од страна на украинската војска на соодветните фрагменти од проектил по деокупацијата на Ирпин.


„ZSH2“ е проектил од 152 мм за хаубица со ударни елементи во облик на стрела. Зоната на уништување на жива сила на ваков проектил изнесува 500 метри.

Овој шрапнел е забранет со меѓународни конвенции, бидејќи има засилени борбени карактеристики. Проектилите експлодираат во воздухот и покриваат голема површина со ударни елементи. Еден таков проектил, испукан од хаубица, во себе носи до 9000 смртоносни стрели (т.н. „шајки“).


Во 2014-15 година, токму „ZSh2“ беше користен против украинските војници на територијата на окупираните области на Доњецк и Луганск.


И покрај меѓународните конвенции за забрана на употреба на оружје со неселективни смртоносни елементи, Русија, на чело со Путин, исто така употреби и смртоносно оружје против цивилното население во градот Алепо во северна Сирија.


Уште порано, смртоносноста на овие проектили за хаубици ја почувствуваа на своја кожа муслиманите од Чеченија и Авганистан, кога лидерите на Кремљ ги извршија првите тестови на „ZSH2“ врз цивили. Советските трупи од таканаречениот „меѓународен контингент на вооружените сили на СССР“ по враќањето од Авганистан со ужас ги опишуваа крвавите настани предизвикани од употребата на проектилите против цивилното население.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести