РУСИЈА ПРИЗНА: Украинските сили ја преминаа реката Дњепар
Има мал напредок на бојното поле во Украина. Украинските сили ја преминаа реката Дњепар.
Русија за првпат призна дека дел од украинските сили поминале на источниот брег на реката Дњепар. Русија тврди дека ќе се соочат со силен оган од руската артилерија.
Претходно, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак кажа дека украинските сили го обезбедиле своето упориште на источниот брег на реката Днепар во регионот Херсон.
Рускиот гувернер на Херсонската област, која е под контрола на Москва, Владимир Салдо призна дека украинската армија ја преминала реката Днепар, која Москва ја смета за тешка бариера за украинските војници.
Украина нема да прави компромис со својата територија во замена за мир. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 20 месеци.
foto EPA
