Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија пренасочува течен гас од Европа кон Азија

Русија пренасочува течен гас од Европа кон Азија
Русија ќе пренасочи околу 50 милиони тони течен природен гас од европскиот пазар кон Азиско-пацифичкиот регион . Тоа го изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак, на средба со претставници на американскиот бизнис , пренесе ИТАР -ТАСС . "Се очекува во среднорочна перспектива околу 50 милиони тони течен природен гас да бидат пренасочени, односно реекспортирани на азискиот пазар . Притоа разликата меѓу понудата и побарувачката сè уште може да достигне речиси 40 милиони тони . Побарувачката на гас во Европа , пак, достигна најниско ниво , компаниите добавувачи се свртуваат кон зголемената побарувачка на други пазари " , рече Новак . Имајќи ја предвид растечката важност на течниот природен гас на светскиот пазар на гас, Русија презема мерки за создавање на нови капацитети за течен природен гас , додаде министерот .
Слично

Поврзани вести