РУСИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Нема да толерираме нови провокации од Турција
По денешниот судир во Егејското море, каде руски воен брод пукаше во знак на предупредување во турски брод, Москва го повика воениот претставник на Турција за да му изрази протест поради инцидентот.
Контра-адмиралот Ахмет Ѓунеш доби остри критики во разговорот со рускиот министер за одбрана Антолиј Антонов, пренесува агенцијата ТАСС.
„Особено беше изразена длабоката загриженост од повторените провокации од турска страна во однос на рускиот патролен брод ’Сметливиј’ во Егејското Море., кој како предупредување за судар со турскиот брод ’Гечицилер Балик Челик’ беше принуден да отвори предупредувачки оган од малокалибарско оружје на растојание безбедно за турскиот брод да не биде погоден“, се додава во соопштението.
Од турската страна пак, засега нема реакција за овој инцидент.
