Русија прави сили за брза реакција
Властите во Русија планираат да формираат сили за брза реакција .
Тоа го пренесува РИА Новости. Агенцијата се повикува на командантот десантни сили Владимир Шаманов.
Тој посочи дека новите сили треба да можат да дејствуваат како самостојно, така и во составот на поголеми групи. Поради оваа причина тие ќе бидат создадени врз основа на воздушнодесантните сили на Русија.
Кремљ одлучи да создаде сили за брза реакција како одговор на одлуката на Европската унија да создаде сопствени делови за брза реакција.
Слично
