Русија потврди дека ќе разговараат за прекин на огнот
Русија објави дека со Украина ќе разговараат и за прекин на огнот.
Оваа точка ќе биде на дневен ред на новите руско-украински преговори кои треба да се одржат рано наутро.
Преговорите ќе започнат во утринските часови недалеку од границата со Полска.
Првите разговори одржани во понеделникот, исто така во Белорусија, не дадоа резултати. Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се повикува Русија веднаш да престане да користи сила против Украина. Само пет земји беа против, а 35 беа воздржани, вклучително и Кина, од 193 членки на организацијата.
Слично
