Русија: Постои ризик од одложување на „Турски поток“
Има одреден ризик од забавување на изградбата на гасоводот „Турски поток“, ако се забави и потпишувањето на меѓувладиниот договор помеѓу двете земји. Тоа го изјавил министерот за енергетика на Русија Александар Новак, цитиран од агенциите.
Досегашните рокови, објавени од „Газпром“ - за завршување на првата патека на гасоводот до декември 2016 година - очигледно ќе бидат одложени за следната година. Од руското Министерство прецизираат дека помеѓу Владимир Путин и Таип Ердоган е договорено „етапно градење на гасоводот“.
Затоа сега се чека само усогласување на документите за првата цевка, по која гасот ќе се пренесува само за Турција. Дури кога тоа ќе се случи, ќе се пристапи кон дискусијата и на останатите две подводни цевки на кои се предвидуваше да се пренесува сето гориво за земјите од ЕУ.
