Русија подготвува сопствени смартфони
Во наредните три до пет години Русите ќе можат да уживаат во паметните телефони произведени во земјата, соопшти за новинарите шефот на Министерството на комуникациски врски, Николај Никифоров .
" Уште за три , маскимум пет години , нашите граѓани ќе можат да уживаат во паметните телефони од сопствено производство. Овие смартфони ќе ги штитат безбедноста на државните информации значително подобро отколку странските . Со нив ќе бидат обезбедени и државните службеници " , рече министерот , пренесува агенцијата Интерфакс .
Тој увери дека службата ќе вложи максимални напори за да го стимулира развојот на сопствена технологија во телекомуникацискиот сектор , но засега останува проблемот поврзан со употребата на телефоните од страна на државните службеници и заштитата на службена информации .
Слично
