Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ПОДГОТВУВА ПЕКОЛНО СЦЕНАРИО! „Ќе се изненадите!“ Ако го направат ова, Москва ќе ги срамни со земја!

РУСИЈА ПОДГОТВУВА ПЕКОЛНО СЦЕНАРИО! „Ќе се изненадите!“ Ако го направат ова, Москва ќе ги срамни со земја!

Шефот на Службата за безбедност на Украина, Василиј Малиук, се закани со нови напади на мостот на Крим.

- Ќе има многу изненадувања, и тоа не само на мостот на Крим - изјави тој за ТВ каналот 1+1.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, претходно изјави дека евентуален напад на Крим ќе значи ескалација на конфликтот и го повика Киев да разбере дека таквите напади ќе бидат одговорени со „неизбежна одмазда“ со употреба на секаков вид оружје.

Камион натоварен со експлозив експлодираше на 8 октомври 2022 година на мостот на Крим. По детонацијата, седум цистерни со гориво се запалиле во воз кој минувал недалеку од местото на експлозијата.

Руската ФСБ веднаш објави дека украинските власти стојат зад нападот, а СБУ одби да ги коментира информациите за вмешаност.

Ноќта на 17 јули 2023 година, Украина го нападна мостот на Крим со два поморски беспилотни летала. Две лица загинаа, а оштетен е делот од мостот што се користел за сообраќај на автомобили.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести