Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија почна да го блокира гасот на Полска – Украина во проблеми!

Русија почна да го блокира гасот на Полска – Украина во проблеми!

Русија почна да ја ограничува испораката на гас во Полска, со што го прекина реверзибилниот проток на гас кон Украина, изјави денеска претседателот на украинската компнаија за транспорт на гас „Ukrtransgas“, чија изјава ја пренесе руската агенција РИА Новости.

„Работите не одат така лесно. Русија денеска почна да ја ограничува испораката на гас на Полска со цел да го прекине реверзибилниот проток на гас од Полска кој го добиваме. Во 14 часот по украинско време, Полска престанала да испорачува гас на Украина во обем од четири милиони кубни метри“, изјави претседателот на „Ukrtransgas“, Ихор Прокопиев во Киев, пренесува Ројтерс.

Според зборовите на Прокопиев, испораките на гас од Полска би можеле да бидат обновени за два дена, и не постои закана од прекин во испораките на гас од Словачка.

Слично

Поврзани вести