Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија планира нов круг гасни преговори со Украина

Русија планира нов круг гасни преговори со Украина

Русија ќе одржи нов круг преговори со Украина за гас со посредство на Европската унија во Брисел. Ова се наметнува, бидејќи рокот на важење на моменталниот договор истекува. Информациите ги соопшти АФП, повикувајќи се на Министерството за енергија во Москва.

Од таму додадоа: „трилатерални преговори ќе се одржат на 20 март во Брисел во формат Русија-Украина-ЕУ со учество на министерот за енергетика Александар Новак“.

Портпаролот на Европската комисија, сепак, рече дека средбата се уште не е потврдена од сите страни.

Русија претходно овој месец се согласи со Украина да продолжи да ја снабдува земјата со природен гас до крајот на март, откако со спор за плаќањата се закани да ги наруши виталните испораки кон Европската унија.

Ова несогласување беше последна епизода од долгата низа меѓу двете завојувани страни за снабдување на гас, како што тврди Украина тврди дека тоа е одмазда на Русија за нејзиното свртување кон Западот по соборувањето на Кремљскиот претседател Виктор Јанукович минатата година.

ЕУ добива една третина од својот гас од Русија, половина од тоа количество поминува транзит во украинската територија.

Слично

Поврзани вести