Русија пак се закани, овој пат на Британија
Русија остро и се закани на Британија.
Руското Министерство за одбрана предупреди на „веднаш пропорционален одговор“ ако Британија продолжи со своите „директни провокации“, пишува Ројтерс. Британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи, претходно изјави дека Британија ги поддржува украинските напади на руска територија.
Хепи рече дека „не е нужно проблем“ ако Украина користи оружје донирано од Велика Британија во таквите напади. Руското Министерство за одбрана, како најдиректна закана за Британија досега, рече дека во случај на такви руски удари „нема да биде нужно проблем“ доколку во тие центри за одлучување моментално се наоѓаат претставници на „одредени западни земји“. Русија досега во повеќе наврати се закани и тоа на земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје. Откако на 24 февруари, Русија ја почна војната во Украина, на почетокот индиректно Русија се закани на Франција. Потоа се закани и на Шведска и Финска за нивната желба да пристапат во НАТО.
