Русија откри кои места ќе ги гаѓа во Киев ако Украинците нападнат за Денот на победата
Руската државна телевизија „Русија 1“ објави список на потенцијални цели во Киев во случај, како што наведоа, да биде „попречена парадата за Денот на победата“ во Москва на 9 мај. Во емисијата беа прикажани мапи и локации што Москва ги смета за можни цели за „одмазднички удар“.
Во програмата беа наведени украинскиот парламент, владините згради и безбедносните служби.
Во случај на провокација, целиот владин округ и Врховната рада ќе бидат нападнати.
Во извештајот беа споменати и зградата на СБУ, како и канцелариите на украинската влада. Руската телевизија наведе дека во центарот на Киев се наоѓаат амбасади на повеќе западни земји.
Меѓу нив беа споменати САД, Германија, Франција, Канада, Полска и Велика Британија. Во извештајот беше посочено дека дипломатските претставништва се наоѓаат во близина на потенцијалните цели.
Заканите доаѓаат во пресрет на Денот на победата, кој Русија го одбележува на 9 мај. Претходно Украина ги предупреди странските делегации да не патуваат во Москва за време на прославите.
Москва, пак, најави дека прекинот на огнот треба да започне на полноќ.
Зеленски изјави дека Украина сака да работи на целосен мир, а не „да моли за примирје по светот“.
Претходно, Зеленски кажа дека е можно на 9-ти Мај да гаѓаат цели во Русија. Русија и Украина повеќе од 4 години се во војна.
