Русија официјално ја потврди смртта на Пригожин, Борис Џонсон смета дека Путин го убил водачот на Вагнер
Според екс британскиот премиер Борис Џонсон, рускиот претседател Владимир Путин „мора да го убил“ шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Тој вело дека човекот „зад атентатот на Пригожин“ бил „истиот човек кој, на пример, го одобрил труењето на Александар Литвиненко и Сергеј Скрипал во Обединетото Кралство“.
„Не можеше да поминат повеќе од неколку секунди помеѓу експлозијата во инаку сигурен авион Embraer Legacy 600 и моментот кога рускиот силеџија се онесвести при неговото вртоглаво забрзување кон земјата“. А сепак во тој момент сигурен сум дека знаеше со совршена јасност што се случи“, напиша Џонсон.
Руските истражители соопштија дека по завршувањето на генетските испитувања Пригожин бил меѓу десетмината патници кои загинаа во уривањето на авионот во средата кај руската престолнина Москва.
Смртта на Евгениј Пригожин е потврдена со формална генетска анализа, објави Рускиот истражен комитет во неделата, 27 август.
Според соопштението на рускиот Истражен комитет, генетското тестирање потврдило дека 10-те тела пронајдени на местото на авионската несреќа северно од Москва претходно оваа недела одговараат на списокот на патници во летот.
