Русија одби да издаде дозвола за регулирање на „Skype“ на своја територија
Руската сојузна служба за телекомуникации одби да издаде дозвола за регулирање на работењето на американската компанија „Skype“ во Русија.
Оваа одлука е објаснета со тоа дека „Skype“ не е руска компанија и нема филијала или претставништво во Русија. Покрај тоа услугите што се обезбедуваат од страна на „Skype“ не се вклучени во списокот на комуникациски услуги кои се пропишани од 2005 година, а за кои може да се добие дозвола.
Затоа е невозможно да се постигне национална контрола од страна на рускиот закон врз активностите на „Skype“, појаснува руската служба.
Слично
