Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА – Од една страна санкции, од друга цената на нафтата!

РУСИЈА – Од една страна санкции, од друга цената на нафтата!
Руската економија годишно ќе губи 32 милијарди евра заради санкциите што и ги воведоа западните земји заради ситуацијата во Украина. Дополнително, земјата губи уште 80 милијарди евра заради падот на цената на нафтата, проценува рускиот министер за финансии Антон Силуанов. Москва силно е погодена од падот на цената на нафтата, која минатата недела се спушти на околу 80 долари за барел, што е најмногу во последните четири години. Долниот дом на рускиот Парламент го изгласа Буџетот за периодот 2015-2017 година, намален за 0,6%, додека економскиот раст на земјата во третиот квартал годинава се намали за 0,7% на годишно ниво. Рускиот институт за статистика Ростат прогнозира пад на економскиот раст и во последниот квартал од годинава. Според проценките на руската Централна банка годинава сепак се очекува раст на руската економија од 0,3%, додека догодина раст воопшто нема да има. Одливот наз капитал од Русија годинава изнесува 128 милијарди долари. Заради украинската криза, западните земји и воведоа санкции на Раусија, заради што таа е на работ на рецесија, а забележан е и рекорден пад на вредноста на рубљата.  
Слично

Поврзани вести