Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија очекува буџетски суфицит од 0,1-0,2 отсто

Русија очекува буџетски суфицит од 0,1-0,2 отсто
Русија не ја исклучува можноста да биде остварен буџетски суфицит во земјата од 0,1-0,2 проценти од бруто домашниот производ по спроведување на федералниот буџет за 2012 година, изјави вчера рускиот заменик-министер за финансии Татјана Нестеренко.

- Сега сме блиску до нула балансирање. Можеби како и обично, 0,1-0,2 проценти од БДП, изјави Нестеренко, нагласувајќи дека спроведувањето на буџетот зависи од многу фактори. Прво од проектираните приходи, второ од тоа како буџетските институции ќе можат да ги исполнат донесените решенија.

Нестеренко истакна дека суфицит може да се оствари не само поради заштеда во трошоците, туку и на сметка на зголемувањето на приходите над очекуваното ниво.

Слично

Поврзани вести