Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија објави колку украински војници се елиминирани и колку оружје е уништено

Русија објави колку украински војници се елиминирани и колку оружје е уништено

Русија објави дека го уништила штабот на украинската авијација на истокот и стотици војници. 

Tврдат дека нападот е изведен во Днепропретовск на истокот на Украина. Информациите ги соопшти руското Министерството за одбрана. Велат дека на украинската војска ѝ се нанесени тешки удари во нејзините загуби во обидите да ја продолжи офанзивата и се укажува на стратегијата за дејствување со воздушни и артилериски масивни удари.

„Во југозападното предградие на Днепропретровск, седиштето на Воздухопловната команда Исток на украинската војска беше погодено со високопрецизен удар на руските воздухопловни сили“, стои во извештајот на руското министерство за одбрана.

Се додава дека на боиштето во југоисточна Украина во ракетни удари се нападнати позиции на 14-та и 92-та механизирана бригада на украинската армија во насока на местото Купјан, каде што според руските извори загинале околу сто украински војници меѓу кои и странски платеници, како и 16 единици воена опрема.

Во областа на Лисичанск биле уништени 90 украински борци, три тенка и шест оклопни возила на 54-та механизирана бригада на украинската војска, според истиот извор.

Натаму, наведува руската војска, во областа на Лиман (Красниј Лиман) е изведен масивен удар врз единиците на 66-та механизирана бригада и две позиции на паравоени формации, при што загубите на украинската војска се проценуваат на 120 војници и 14 оклопни возила.

Руските воздушно-космички сили извеле напад и во областите на Криви Рих и Андреевск, каде според министерството биле уништени девет украински тенкови, 12 пешадиски борбени возила, 20 други возила и до 250 војници на 24-та механизирана, 17-та тенковска и 128-та горско-јуришна бригада на украинската војска.

Ракетните сили на руската армија крај градот Запорожје во истоимениот регион од кој дел неодамна е приклучен на Русија, погодиле складиште со муниција на 65-та механизирана бригада и погони за ремонт на летала. Притоа, се наведува во извештајот, се уништени повеќе од 15 тони муниција, меѓу кои и проектили за американските повеќекратни ракетни системи HIMARS и два украински борбени хеликоптери „Ми-24“.

Руските ловци изминатото деноноќие собориле два украински борбени авиони, еден од типот „Су-25“ над Доњецк и „Су-24“ над регионот Херсон. Но, овие извештаи не можат да се проверат од независни извори.

Слично

Поврзани вести