Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија објави дека има загинати во експлозијата на мостот на Крим

Русија објави дека има загинати во експлозијата на мостот на Крим

Во експлозијата која утрово се случи на мостот на Крим има три жртви. Се верува дека луѓето биле патници во автомобил кој бил близу до камионот. 

Руските истражители информираа дека три лица загинале откако камион експлодирал на мост што го поврзува Крим, анектиран од Москва со копното. Велат дека сопственикот на возилото е идентификуван.

Во гаснењето на пожарот учествувале 250 лица, пренесе ТАС С.

Камион утринава експлодира на Кримскиот мост, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што минувал, објави претходно Рускиот национален антитерористички комитет.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска издаде инструкции за формирање владина комисија, по инцидентот на мостот на Крим, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Се работи на проценка на штетата на мостот. Советникот на украинскиот претседател Влодимир Зеленски,  Михајло Подољак денешниот инцидент на мостот на Крим го нарече „почеток“. 

Слично

Поврзани вести