Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија, Непал, Аргентина потврдија случаи на омикрон

Русија, Непал, Аргентина потврдија случаи на омикрон

Омикрон е присутен и во Русија. Земјата вчера потврдила два случаи на инфекција кај патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република.

Минатата недела, претседателот Владимир Путин и нареди на владата да подготви акционен план за борба против омикрон.

Аргентина го потврди својот прв случај на инфекција со омикрон кај лице кое исто така пристигнало од Јужна Африка. Се работи за 38-годишно лице кое на 30 ноември пристигнало од Јужна Африка преку САД. Лицето е вакцинирано двапати и по пристигнувањето во Буенос Аирес било негативно, но последователните тестови дале позитивен резултат.Аргентина им се придружила на Бразил, Мексико и Чиле на листата на земји од Латинска Америка каде што е откриен омикрон.

Непал од вчера брои два случаи на инфекција со омикрон, кај 66-годишен странец кој допатувал од земја каде што претходно бил потврден омикрон, а 71-годишниот со кого бил во близок контакт сега е исто така заразен. Непалските власти не го наведуваат неговото државјанство, а 66 лица кои биле во контакт со нив досега не се заразени. И во Индија сојот зема замав и бројот на заболени расте. 

Слично

Поврзани вести