Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија нема така лесно да ја прекине војната, Медведев ги кажа условите

Русија нема така лесно да ја прекине војната, Медведев ги кажа условите

Русија има повеќе услови за прекин на огнот во Украина. Москва нема да ја прекине својата воена кампања во Украина дури и ако Киев официјално се откаже од своите аспирации да се приклучи на НАТО алијансата.

Русија ќе ја продолжи војната додека не ги постигне своите цели.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, во интервју за француска телевизија изјави дека Русија е подготвена да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски под одредени услови.

„Напуштањето на учеството во Организацијата на Северноатлантскиот договор сега е од витално значење, но тоа е недоволно за воспоставување мир“, изјави Медведев за телевизијата „LCI“.

Путин вели дека сака да ја „денацифицира“ Украина. Киев и Западот велат дека ова е неоснован изговор за освојувачка војна.

„Тоа (разговорите) ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните. Бевме подготвени да се сретнеме (со Зеленски) и претходно“, рече Медведев.

Од почетокот на инвазијата, Русија и Украина одржаа неколку рунди преговори, но немаше договор за прекин на војната. Тимовите на двете земји преговараа повеќе од 6 месеци. 

Украина неколку пати повтори дека само ако руските сили се вратат на позициите пред 24 февруари, ако се повлечат, тие ќе преговараат. 

Според белорускиот претседател, Александар Лукашенко, војната во Украина наскоро ќе биде готова, а  некој ќе мора да одговара, пренесе ТАСС.

Слично

Поврзани вести