Русија нема да се враќа на старите односи со ЕУ, НАТО и со САД
Западните партнери на Русија постојано ги нарушуваат обврските во областа на безбедноста и поради таа причина извршување на активности во соработка со ЕУ, САД и НАТО на вообичаениот начин нема да има.
Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот пред студентите во МГИМО. „Политичките обврски за безбедноста во Европа се прекршени грубо и продолжуваат да се прекршуваат“, дополнил тој.
Шефот на руската дипломатија истакна дека Западот долго време се обидувал да ја одржи Русија на „училишна клупа“ во меѓународните односи. „Нашите предлози се соочуваат со себичноста на политичката елита во голем број држави, кои настојувале да добијат геостратешки предности за сметка на интересите на други земји, грубо прекршувајќи ги прифатените во 1990-те години свечени изјави на највисоко ниво и во ОБСЕ, и во рамките на односите на Русија со НАТО за тоа дека безбедноста е неделива и никој нема да ја зајакнува својата безбедност за сметка на другите земји“, истакнал тој.
„Се надевам оти нашите партнери го паметат тоа. Ако го забораваат, ние ќе ги потсетиме, бидејќи ние нема да можеме да вршиме активности на вообичаениот начин ниту со САД, ниту ЕУ, ниту пак со НАТО“, рекол уште Лавров.
Тој исто така посочил дека разговорите за изолација на Русија на меѓународната сцена се смешни, бидејќи 80% од населението во светот живее во земји кои ги делат приодите кои ги има Москва.
