Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија нема да го испорача Јанукович

Русија нема да го испорача Јанукович

Русија нема да го испорача на Киев поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, изјавил за Интерфакс државниот обвинител на Русија Јуриј Чајка.

„Ние сигурно ќе одговориме на барањето на нашите колеги од украинското обвинителство. Нашиот одговор ќе биде негативен бидејќи ние во кривичното гонење гледаме политички мотиви“, рекол Чајка.

Тој укажал дека во согласност со руското законодавство и меѓународни-правни документи, Русија не може да испорача лице кое кривично се гони врз основа на политички мотиви.

Државниот обвинител на Украина барал од Чајка да го испорача Јанукович, кој избегал од Украина пред година дена.

Интерпол распиша потреница за Јанукович на 12 јануари. Се терети за кражба на државен имот и злоупотреба на должноста.

Слично

Поврзани вести