Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија не се откажува од “Јужен поток”

Русија не се откажува од “Јужен поток”
Дури и Европскиот парламент да донесе одлука за прекин на проектот "Јужен поток", тоа нема да влијае на спроведувањето, изјави денеска пред новинарите министерот за енергија на Русија Александар Новак, цитиран од ИТАР-ТАСС. "Реализацијата на проектот се одвива според предвиденото во меѓународните спогодби, затоа не може да биде запрен", додаде министерот. Вчера Европскиот парламент повика гасоводот Јужен поток да не биде изграден, како и да бидат побарани други извори на гас за ЕУ. Европратениците се изјаснија по ова прашање со гласањето за резолуцијата на последната пленарна седница за својот мандат.
Слично

Поврзани вести