Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија не сака да плаќа отштета и бара истото да го стори САД за Ирак и Југославија

Русија не сака да плаќа отштета и бара истото да го стори САД за Ирак и Југославија

Русија не сака да плаќа отштета на Украина за што Обединетите нации(ОН) изгласаа резолуција. 

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев вели дека Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика Соединетите Американски Држави(САД) да им платат отштета на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји. 

Според него, целта на резолуцијата е да ги легализира плановите на Западот да го користат замрзнатиот имот на Русија.

„Англосаксонците очигледно се трудат да создадат правна основа за кражба на нелегално заробените руски средства“, рече Медведев.

ЕУ ги замрзна парите на руските олигарси. Овие пари веројатно ќе одат за обнова на Украина. 

Генералното собрание на Обединетите нации вчера одобри резолуција во која се наведува дека Русија мора да ѝ плати на Украина воени репарации. Додаваат дека Москва е одговорна за инвазијата на Украина.

Во резолуцијата се вели дека Русија мора да одговара за кршење на меѓународното право во и против Украина. Се наведува дека Русија „мора да сноси правни последици за сите нејзини меѓународни незаконски дејствија, вклучително и плаќање на компензација за повреди и каква било штета предизвикана од такви дејствија“

Во Украина досега е предизвикана материјална штета во вредност од над 350 милијарди евра. 

Слично

Поврзани вести