Русија не го открива бројот на загинати, весник објави информација па истата ја избриша
Руски весник објави дека бројот на жртвите во војната во Украина изнесува 9.861, а потоа го повлече текстот.
Весникот Комсомолскаја Правда накратко објави бројка што укажува на скоро 10.000 загинати руски војници во Украина, а потоа брзо ја избриша информацијата. Во онлајн извештајот на 20 март се наведува дека руското Министерство за одбрана известува дека од почетокот на војната на 24 февруари загинале 9.861 руски војници. Русија официјално потврди само 498 смртни случаи, и тоа на почетокот на инвазијата,
Американските и украинските власти проценуваат дека загинале повеќе од 7.000 војници. Денеска е 27-ми ден од почеток на војната во Украина.
Би Би Си Русиан спроведе детална истрага, потврдувајќи ги имињата и чиновите на 557 руски војници и офицери убиени во Украина, прелистувајќи ги социјалните мрежи и локалните објави и разговарајќи со роднините.
Истрагата покажа дека 15 од 85 руски региони не објавиле никакви информации за локалните војници убиени во Украина.
Но, во една таква област, регионот Кемерово во Сибир, Би-Би-Си, со помош на локалните жители кои побараа да бидат анонимни, ги утврди идентитетите и гробовите на седум војници и офицери.
Неколку часа по објавувањето на истрагата на Би Би Си, властите во Кемерово соопштија дека 13 војници биле закопани во регионот од почетокот на војната во Украина.
фото Принтскрин
