Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија не е подготвена за разговор

Русија не е подготвена за разговор
Само со доследна солидарна акција на Западот и санкциите може да се „запрат апетитите на Русија“, оценил шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетин, но, како што истакнал, се уште не е вистинско време да се седне на маса и дека светот ќе мора да почека уште малку. „Никој не сака да ја уништи и унесреќи Русија“, истакнал Шетин во интервју за полската телевизија „ТВН24“. „Русите денес се уште не дошле до точка кога би сакале да седнат и да разговараат. Ова не е време во кое Русија очекува план за решавање на проблемот. Тоа се уште ќе трае“, нагласил полскиот шеф на дипломатијата. Според него санкциите на Западот треба да потраат уште многу месеци и нагласил дека само од реакцијата на светот зависи каде ќе запрат апетитите на Русија. „Последниве месеци може да се види дека екипата која владее со Русија сонува за тоа повторно да биде сила. Рускиот претседател, Владимир Путин, во повеќе наврати говореше дека Русија остана исклучена од статусот сила и дека владеел ред во светот додека имало биполарна поделба“, истакнал Шетин. Полскиот Министер за надворешни работи изјавил дека апетитите на Русија ќе запрат само доколку светот соодветно реагира. „Тоа што се случи за време на анексијата на Крим, тоа што денеска се случува во Луганск и Донецк, покажува дека само одлучен, солидарен став на земјите од слободниот свет е во состојба да го ограничи апетитот и амбициите на Русија. Реакциите на светот по однос на потезите на Русија, доследно воведување и одржување на санкциите или цената на нафтата, за само неколку месеци, покажаа дека Путин мора да смета на последиците доколку направи уште еден ваков чекор“, нагласил Гжегож Шетин. .  
Слично

Поврзани вести