Русија нанесе нови напади врз сириската опозиција часови пред примирјето
Руската воздухопловна авијација нанела голем број напади врз кампови на сириската опозиција, неколку часа пред да статпи на сила договорот за прекин на огнот во немирната земја.
„Од минатата ноќ до утрово имаше руски воздушни напади, кои беа поинтензивни од вообичаено против позициите на бунтовниците во градот Гута, источно од Дамаск, и на север во провинцијата Хомс, како и на запад во провинцијата Алепо“, соопшти претседателот на организацијата Рами Абдел Рахман.
При ударите загинало осемчленно семејство со три деца во населбата Кибта ал Џабалија, во провинцијата Алепо, соопшти лондонската Сириска опсерваторија за човекови права, цитирана од АФП.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е скиптичен за усогласеноста на примирјето.
