Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија на ЕУ: Не се договоривме вака!

Русија на ЕУ: Не се договоривме вака!

Гасниот договор на Русија и партнерите во Еу не предвидува реекспорт, вели рускиот министер за енергетика Александар Новак имајќи ги предвид реверзибилните испораки од ЕУ во Киев.

Тој во интервју за германскиот весник Handelsblat изразил надеж дека „европските пртнери ќе се придржуваат до заклучените договори. Само тоа може да гарантира континуирани испораки на европските потрошувачи“.

Новак исто така укажал дека Русија во цел решавање на прашањето со гас со Украина, дала низ конструктивни предлози, но Киев ги одбил.

Министерот потсетува дека веќе се одржани седум рунди на преговори во текот на кои Русија дала низа предлози за цената на гасот, покривање на украинскиот долг и идни претплати.

Во Берлин денеска се одржува состанок на Русија, Украина и ЕУ за прашањето на испораки на гас.

На него ќе се разгледуваат прашање за испораката на руски гас на Украина и обезбедување на енергетска сигурност. Во преговорите ќе учествува европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер, министерот за енергетика на Русија Александар Новак и неговиот украински колега Јуриј Продан.

Тространите консултации за гас почнаа на 2 мај и завршија без резултат на 16 јуни. После тоа Гаспром и Нафтогас подесоа меѓусебни тужби на Стокхолмскиот суд.  На 25 мај Украина престанала да плаќа за трошењето на рускиот гас. На 1 абгуст оваа година вкупниот украински долг за гас кон Гаспром беше околу 5,3 милијарда долари.

 
Слично

Поврзани вести