Русија му претстави на НАТО докази за планираното соборување на авионот од страна на Турција
Висок претставник на Русија пред НАТО Александар Грушко ја претставил информацијата која покажува дека нападот на Турција на бомбардерот Су-24 бил испланиран.
Грушко се состанал со заменик генералниот секретар на Алијансата Александар Вершбоу околу инцидентот со бомбардерот Су-24.
-Му ги претставив сите информации со кои расолага Русија, цела низа политички и воени фактори кои говорат за тоа дека нападот на авионот бил испланиран и тоа на територијата на Сирија-рекол Грушко.
Тој истакнал дека НАТО, не коментирајќи го потегот на турската војска, политички ја брани Анкара и со самото тоа снесува одговорност за инцидентот.
Ова не е прв случај НАТО да применува политика на дупли стандарди кога се работи за северноатлантската солидарност-рекол Грушко и потсетил на претходниот случај кога руски авион го нарушил просторот на Турција при што долетал турски ловец и го пренасочил рускиот авион.
Претходно генералниот секретар Јенс Столтенберг изјавил дека НАТО го поддржува правото на Турција да го брани својот воздуше простор , но и за потребата за деескалација на тензиите.
Столтенберг исто така изјавил дека е неопходно да се обнови директниот контакт помеѓу Анкара и Москва.
