Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија може да започне воздушни напади и во Ирак

Русија може да започне воздушни напади и во Ирак

Ирак може да побара неколку денови или недели руски воздушни напади против „Исламска држава“ на ирачко земјиште. Исто може да побара Москва да има поголема улога од САД во војната против терористичката група.

Ова го изјавил претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на ирачкиот парламент Хаким ал Замили за „Ројтерс“.

„Можеме да бидеме принудени да ја замолиме Русија да започне воздушни напади во Ирак наскоро. Мислам дека во следните неколку дена или недели Ирак ќе биде принуден да побара од Русија да започне воздушни напади и тоа ќе зависи од нивниот успех во Сирија“, додал Хаким.

Според него Багдад исто така може да побара од Русија да има поголема улога во антитерористичката кампања во Ирак.

Минатата недела Русија започна воздушни операции во Сирија против позициите на „Исламска држава“ и други терористички организации.

Вчера ирачкиот премиер Хајдар ал Абад, изјавил за „France 24“, дека неговата влада ќе ги поздрави руските борбени авиони во Ирак.

Валентина Матвиенко, претседател на Горниот дом на рускиот парламент, прецизирала дека Русија може да ги разгледа овие барања.

Пред неколку недели Русија, Иран, Ирак и Сирија постигнаа согласност да формираат заеднички информативен центар во Багдад за координирање на операциите против „Исламска држава“.

Главната цел на центарот е собирање и анализирање на информациите за ситуацијата на Блискиот Исток - главно за борбата против терористичката организација. Тој ќе го раководи офицер од една од четирите држави во ротацијата. Ротацијата ќе биде на секои три месеци. Првите три месеци ќе се раководи од Ирак.

Слично

Поврзани вести