Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија може да им испорача ракети на Иран до крајот на годината

Русија може да им испорача ракети на Иран до крајот на годината

Русија може да ги испорача ракетните системи на Иран до крајот на годината. Тоа го изјавил Али Шамхани, секретар на иранскиот Врховен совет за безбедност.

Претходно стана јасно дека Москва ја крева својата забрана за испорака на оружје кон блискоисточната земја. Рускиот претседател Владимир Путин ја укина забраната за испорака на ракетните системи „С 300“ откако Техеран се согласи на рамковен договор со светските сили за спорната нуклеарна програма.

Одлуката на Русија доаѓа пред какви и да било санкции против Иран да бидат укинати и се очекува следната недела да продолжат техничките преговори за договорот.

Во исто време секретарот на московскиот национален совет за безбедност Николај Патрушев изјавил дека на рускиот производител на оружје ќе му бидат потребни најмалку половина година, за да се подготват ракетите за испорака.

Москва ги престана пратките на „Со 300“ во 2010 година, откако ОН и воведоа санкции на Техеран, по што Иран поднесе тужба против Русија за 4 милијарди евра во арбитражниот суд во Женева поради раскинувањето на договорот за 800 милиони евра.

Слично

Поврзани вести