Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија лута на Ердоган - Како тоа ќе го „рушиш“ Асад

Русија лута на Ердоган - Како тоа ќе го „рушиш“ Асад

Властите во Кремљ се лути на непромислената изјава на Реџеп Таир Ердоган кој од позиција на врховен командант на турската армија вчера изјави дека има мисија да го заврши владеењето на диктаторот Башр Ал Асад. 

Кремљ веднаш реагираше и смета дека оваа вонредна вест ги изненадила и се зачудени која е сега позицијата на Турција откако во август заеднички беше утврдена мисијата на турската армија наречена „Штитот на Еуфрат“. 

- Се надеваме дека во блиска иднина ќе има објаснување за ова од нашите турски партнери, Русија е единствена земја чии вооружени сили се во Сирија на легална база по директно барање на власта. Очекуваме овој став да биде објаснет од страна на Ердоган, посочи Дмитри Песков, портпаролот на Владимир Путин.


Слично

Поврзани вести