Русија купи уште 0,3 тони злато
Русија веќе деветти месец по ред ги зголемува своите резерви на злато. Како што покажува извештајот на ММФ, Москва купила уште 0,3 тони злато, и сега располага со вкупно 996,7 тони златни резерви.
Русија е седма сила во светот по количината на златни резерви, исклучувајќи го ММФ. Администрацијата на Владимир Путин секој месец троши половина милијарди долари за купување на злато.
Покрај Русија, златните резерви ги зголемиле и централноазиските соседи како Казахстан за 1,4 на 130,9 тони, Азербејџан за два тони или на 8 вкупно и Киргистан за 0,1 на 3,3 тоно златни резерви.
Извештајот на ММФ покажува дека резервите во злато ги зголемиле и Украина, Грција, Белорусија и Бугарија.
Во јуни годинава, Германија, Мексико, Чешка, Данска, Костарика и Турција, ги намалиле своите резерви во злато покажува извештајот на ММФ.
Златото има се поголема улога во заштита на валутата од курсните разлики од почетокот на кризата во 2008 година. Во јуни годинава, цената на златото падна за 11 отсто, што е најголем пад на вредноста на овој благороден метал од 2011 година. Веќе во јули вредноста на златото се зголеми за 9 отсто.
Слично
