Русија крена Октомвриска Твитер револуција
Глобалниот медиум Russia Today започна интересна кампања со хаштагот #1917LIVE на кој на забавен начин претставува моменти од Октомвриската револуција во Русија од која се одбележуваат 100 години.
На Твитер се креирани специјални профили на тогашните историски личности, како царот Николај Втори кој е симнат од тронот, потоа на револуционерите Ленин, неговиот соработник Троцки и многу други.
Идејата на RT е да се прикажат уникатни моменти од револуцијата на пролетаријатот при што била укината царштината, а Русија и подоцна Советскиот сојуз се развиваат како социјалистички земји.
Слично
