Русија краде украински деца, вели Кулеба
Најстрашното злосторство е тоа што Русија краде украински деца, вели украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Toj рече дека ова е најголемата принудна депортација во модерната историја. Во извештај на експерти од Универзитетот Јеил се вели дека Русија држи најмалку 6.000 украински деца, а можеби и многу повеќе, на локации на Крим под руска контрола со примарна цел „политичко превоспитување“. Се додава дека најмалку 43 кампови и други видови објекти во кои се сместени украински деца се идентификувани како дел од „голема системска мрежа“ на Русија.
Меѓу децата се оние кои имаат родители или имаат право на старателство, оние кои Русија ги смета за сираци, децата кои биле под притвор на украинските државни институции пред инвазијата и оние чие старателство е нејасно или неизвесно поради војната.
Некои деца се посвоени од руски семејства или преместени во згрижувачки семејства во Русија. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
