РУСИЈА ЌЕ ЗГРИЖИ 1.000 БЕГАЛЦИ: Тука спаѓаат оние со руски пасош и студенти
Русија одобри влез на 1.000 бегалци од Авганистан, пренесе агенцијата РИА Новости.
Tој број вклучува луѓе кои имаат руски пасош, оние со право на постојан престој и студенти на руски универзитети. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека започнало со евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан, меѓу кои државјани на Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Украина.
Претседателот Владимир Путин рече дека ситуацијата во Авганистан е „тешка и алармантна“ и дека неговата влада „внимателно ја следи ситуацијата“.
Тој изрази и сомнеж дека е можно опасни луѓе да влезат под маската на бегалци.
Слично
