Русија ќе прави уште една мобилизација?
Кремљ се подготвува за уште една рунда мобилизација.
Институтот за проучување на војната (ISW) во својот најнов извештај пишува дека континуираната тајна мобилизација и подготовките за нов бран на мобилизација веројатно ќе го влошат севкупниот квалитет на руските трупи кои заминуваат во Украина.
„Ова најверојатно ќе доведе до уште понизок квалитет на обуката за мобилизираните регрути бидејќи капацитетот за обука е премногу низок“, објави ISW.
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба предупреди дека Русија може да го искористи замрзнувањето на конфликтот во Украина во своја полза и против Европа.
„Ни треба победа, а не реми. Ако ја оставиме Русија сега да одмори, Путин ќе го претвори замрзнатиот конфликт во огромна темпирана бомба во срцето на Европа, подготвена да експлодира во секој момент“, рече тој.
Полска стравува дека војната може да се прошири и кај нив. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека рускиот претседател Владимир Путин тука нема да застане, ако Украина не добие поголема поддршка.foto EPA/SERGEJ BOBYLEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL
