Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе напаѓа држави членки на НАТО?

Русија ќе напаѓа држави членки на НАТО?

Не запираат заканите кои Русија ги упатува кон оние земји кои ја помагаат Украина. 

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, кој е заменик шеф на националниот Совет за безбедност, се закани со напади врз земји членки во НАТО. Според него, иако НАТО тврди дека не војува против Русија, тоа не е точно. 

„Војската и објекти во земјите кои официјално ќе стапат во војна со Русија или пак се сојузници на противникот,  претставуваат легитимна цел на напади“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм. 

Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин в понеделник ќе оди во својата прва посета на Белорусија по повеќе години. Со својот колега по функција, белорускиот властродржец Александар Лукашенко, во Минск Путин ќе разговара за стратешкото партнерство меѓу двете држави. 

Скоро пола Украина е без струја по руските напади, а во Киев е прекинато и снабдувањето со вода. 

Инаку, руски пропагандисти се исмеваа со ракетниот систем Патриот, кој ќе го добие Украина. Според нив, не бил ефикасен. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Но, 95 отсто од Украинците не сакаат компромис за територии. 

Украинската страна смета дека Русија пак ќе се обиде да го заземе Киев. 

Слично

Поврзани вести