Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА ЌЕ МУ СУДИ: Политичар со шпагети на ушите го слушаше говорот на Путин

(ВИДЕО) РУСИЈА ЌЕ МУ СУДИ: Политичар со шпагети на ушите го слушаше говорот на Путин

Политичарот Михаил Абдалкин од Русија со шпагети на ушите го следел говорот на претседателот Владимир Путин. За ова ќе му се суди. 

Тој ќе се појави на суд следната недела. Се товари дека ги дискредитирал вооружените сили. Абдалкин, претставник на Комунистичката партија во регионалниот парламент на Самара, го направи овој потег затоа што во руската традиција, закачувањето нудли на уво симболизира дека личноста е измамена. Градскиот суд во Новокујбишевск ќе  расправа за неговиот случај на 7 март.

Откако Русија лани на 24 февруари ја нападна Украина, сите кои ја критикуваа руската војска или војната, завршија на суд, а имаше и лица кои добија затворски казни во траење од неколку години. 


Слично

Поврзани вести