Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ЌЕ КОНФИСКУВА ИМОТ: Ќе ги казнуваат противниците на војната во Украина

РУСИЈА ЌЕ КОНФИСКУВА ИМОТ: Ќе ги казнуваат противниците на војната во Украина

Руската Дума расправа за законот за конфискација на имот на „противници на војната“. 

„Пред руската Дума в понеделник ќе биде претставен закон за конфискација на имотот на „непријателите на руската држава“ и „противниците на воената операција“ во Украина“, најави претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин.

Тој вели дека треба да се казнат оние кои ја валкаат војната. 

„Неопходно е да се казнат злосторниците што ги валкаат нашата земја, војниците и офицерите што учествуваат во специјалната воена операција“,  напиша спикерот на Думата на Телеграм.

Новиот закон ќе дозволи конфискација на средства, вредни предмети и друг имот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

foto freepik.com/bearfotos

Слично

Поврзани вести