Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе ја остави Европа без гас

Русија ќе ја остави Европа без гас
Со можност од енергетска криза синоќа се соочи Европа, откако Москва се закани дека ќе воведе соодветни санкции, а новиот премиер на Украина Арсениј Јацењук изјави дека неговата земја може да се соочи со недостиг на гас, доколку не добие  помош од Западот, пишува денеска британскиот весник „Индепендент“. Дел од балтичките земји се целосно завсини, но Русија доставува и 30 отсто од гасот, кој и е потребен на Европа. Како „нереални“ Руското Министерство за надворешни работи вчера ги определи санкциите воведени од Европската унија со кои беа замрзнати сметките на уште 12 лица од блиското опкружување на претседателот на Русија Владимир Путин и им беше забранет влез во Унијата. И покрај ова Брисел и Вашингтон се закануваат со дополнителни мерки оваа недела, а Москва нагласи дека размислува да одговори на соодветен начин. - Русија си го задржува правото да даде адекватен одговор на преземените мерки против неа, изјави портпаролот на руското МНР. Поради спорот за цената со Украина во 2006 година, кога Русија ги стопираше доставките , многу региони во Европа останаа без гас.
Слично

Поврзани вести