Русија ќе ја нападне Молдавија на почетокот на 2023 година?
Молдавија смета дека Русија ќе ја нападне во 2023 година.
Молдавија тврди дека Русија планира да изврши инвазија на нејзина територија во почетокот на идната година. Властите во Молдавија велат дека Русија разгледува неколку сценарија како да дојде до Молдавија и дека е можно офанзивата да почне во јануари или февруари, или подоцна во март или април.
Шефот на молдавската Служба за информации и безбедност, Александру Мустеата, изјави дека постои „многу висок“ ризик од нова руска офанзива на истокот на неговата земја следната година и дека Москва сè уште има цел да обезбеди копнен коридор низ Украина до отцепениот молдавски регион Придњестровје.
„Прашањето не е дали Руската Федерација ќе изврши нов упад на територијата на Молдавија, туку кога ќе го направи тоа“, изјави Мустеата за телевизискиот канал ТВР-Молдова.
Украина неодамна предупреди на заканата од голема руска офанзива на почетокот на следната година.
Придњестровје е во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија таму има околу 1.500 војници да служат како мировници.foto EPA
