Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе им го врати ударот на Грците кои протераа нивни дипломати

Русија ќе им го врати ударот на Грците кои протераа нивни дипломати

Русија ќе преземе мерки против Грција. 

Руското Министерство за надворешни работи  денеска информираше дека протерувањето на двајца руски дипломати од Грција ќе иницира последици.

Дипломатите се обвинети и дека се обиделе да поткупат грчки официјални претставници.

Минатата недела Атина соопшти дека протерала двајца руски дипломати и им забранила на други двајца влез во земјата,  обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи со поттикнување демонстрации против договорот за името меѓу Атина и Скопје. 

Се верува дека „рускиот фактор“ имал дејства во северна Грција, во Света Гора, меѓу бизнис групи и митрополити на Грчката православна црква, кои биле под руска контрола. 

Изјавите на македонскиот премиер,  Зоран Заев дека бизнисмени кои имаат симпатии кон Русија ги финансираат протестите во Македонија се неосновани, изјави денеска во Москва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Слично

Поврзани вести