Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Унгарија

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Унгарија

Русија ќе гради два нуклеарни реактори во Унгарија.

Целта на договорот меѓу Русија и Унгарија од 2014 година е проширување на постоечката нуклеарна централа Пакс. 

„Рускиот нуклеарен енергетски гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија во наредните недели“, изјави унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто.

Тој додава дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Проектот е во вредност од 12.5 милијарди евра и во голема мера е финансиран од Русија.

Нуклеарната индустрија на Русија не подлежи на санкции од ЕУ поради нападот врз Украина.

Фото: Скриншот, Фејсбук

Слично

Поврзани вести