Русија ќе ги зајакне своите западни граници, Песков се закани откако беше нападнато складиште
Никому да не му падне на памет да ја нападне Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој кажа дека Русија ќе ги зајакне своите западни граници. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот на Русија Владимир Путин дека земјите на НАТО го јакнат својот воен потенцијал кон руските западни граници.
Украинските власти негираат дека го нападнале руското складиште. Секретарот на Советот за безбедност Алексеј Данилов вели дека тие немаат врска со нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
Слично
