Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе ги намали операциите околу Киев и Чернихив

Русија ќе ги намали операциите околу Киев и Чернихив

Русија соопшти дека ќе ги намали операциите околу главниот град Киев и градот Чернихив. 

Рускиот заменик-министер за одбрана, Александар Фомин изјави дека овој потег има за цел да ја „зголеми довербата“ во разговорите за ставање крај на борбите.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска рече дека руските сили ќе се фокусираат на Донбас, кој ги вклучува отцепените региони Луганск и Доњецк. Тој рече дека Москва во голема мера ја постигнала првата фаза од својата „специјална воена операција“, вклучително и деградирање на воениот капацитет на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи источните украински региони Луганск и Доњецк како независни републики, а на 24 минатиот месец Русија ја нападна Украина. 

Двете земји во Турција преговараа за наоѓање на решение и ставање крај на војната. 

Слично

Поврзани вести