Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија киднапира деца од украински територии и ги дава на посвојување

Русија киднапира деца од украински територии и ги дава на посвојување

Русија продолжува да киднапира деца од украински територии и да организира нивно незаконско посвојување во руски семејства, обвини украинското Министерство за надворешни работи. Бараат сите украински деца кои се незаконски одведени на руски територии да им се вратат на родителите или на законските старатели

Повеќе од 1.000 деца од градот Мариупол, кој го зазеде руската војска, нелегално им се предадени на странци во Тјумењ, Иркутск, Кемерово и во Алтајскиот регион во Сибир, обвинуваат украинските власти.  Додаваат дека над 300 украински деца се сместени во „специјални установи“ во Краснодар.

Ваквите постапки на Русија се „сериозно прекршување на Женевската конвенција“ за заштита на цивили во војна и конвенциите за детски права на Обединетите Нации, предупредува Министерството.

Руските сили во Украина убиле или раниле 972 деца, додека во просек повеќе од пет деца се убиени или повредени секој ден, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ).

foto visitukraine.today

Слично

Поврзани вести