Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе треба да докажe дека не убила цивили во Сирија

Русија ќе треба да докажe дека не убила цивили во Сирија

Организацијата Хјуман рајтс воч ја повика Русија да истражи дали е вистина информацијата дека 59 цивили загинаа во руските воздушни напади во Сирија.

Според локалните жители и светските медиуми, во еден од воздушните напати врз уќа во енклава контролирана од бунтовници северно од градот Хомс, загинале 46 лица од едно семејство, вклучително 32 деца.

Вториот руски воздушен напад уништил пекарница, при што загинале 13 лица и бунтовнички лидер.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права, кој го следи текот на конфликтот преку мрежа од активисти, соопшти дека на 15 октомври при напади на руски авиони и сириски артилериски напад во реонот загинале 60 лица, вклучувајќи 17 бунтовници

Слично

Поврзани вести