Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ќе ја брка до крај Украина за долгот од 3 милијарди долари

Русија ќе ја брка до крај Украина за долгот од 3 милијарди долари

Рокот Украина да си згасне долгот кон Руската Федерација од 3,075 милијарди долари настапи на 20 декември. Во петокот, сепак владата на Украина воведе мораториум на отплата на долгот, прецизирајќи дека мораториумот се шири и по исплатата на 507 милиони долари од двете украински компании кон руските банки.

Украинскиот кабинет е подготвен да се суди со Руската Федерација за долгот. Русија исто така е подготвена да се суди докрај и е уверена дека Украина нема шанси да го добие случајот.

Од руското Министерство за Финснсии велат дека одлуката на украинските власти не е неочекувана. Неочекувано е дека при воведување на мораториум се мешаат државните обврски со приватните корпорациски долгови.

Русија претходно изрази подготвеност да го реконструира долгот, и се согласи на плаќање по една милијарда во 2016-2018 година, под услов за се обезбедени гаранции од властите во САД или ЕУ или од меѓународниот финансиски институт. Откако странските партнери на Киев одбија да дадат гаранции, Владимир Путин му наложил на кабинетот да ја даде Украина на суд ако не се згасне долгот.

Во почетокот на декември, советот на директори на ММФ етаблира реформи, овозможувајќи му на Фондот да кредитира должници дури и во случаи на банкрот на државен долг пред официјалните кредитори. Во руското Министерство за Финансии ја оценија одлуката како тенденциозна и прифатена исклучиво на штета на Русија и со цел легализација на можноста Киев да не го плаќа долгот.

Слично

Поврзани вести